Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница одговори на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата, Венко Филипче. Мицкоски истакна дека главната причина поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите. Тој директно го обвини Филипче и поранешните функционери од СДСМ дека уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на јахти, наместо да се наоѓаат зад решетки и да одговараат за своите постапки.