Министерството за правда го објави Предлог-законот за судски буџет на ЕНЕР, со цел да се зајакнат законските гаранции за независно и самостојно управување со судскиот буџет. Буџетот е утврден во висина од 0,8% од БДП, што треба да обезбеди финансиска и функционална независност на судството, усогласена со европските стандарди.