Немаме излез на море, но можеме да станеме стратешки најважната точка на Балканот, вели вицепремиерот Николоски 07.07.2026

Вицепремитерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека изградбата на автопатот Скопје – Блаце е дел од стратешката визија на Македонија за да стане клучна транспортна крстосница на Балканот. Оваа важниот проект се реализира по потпишувањето на договор за грант од 30,8 милиони евра со Европската банка за обновување и развој (ЕБОР). Иако Македонија нема директен излез на море, Николоски подчерта дека овој инфраструктурен проект ќе овозможи државата да стане стратешки најважна точка преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, трговијата, туризмот и економската размена во регионот. Делницата од 10,5 км се смета за голем инженерски предизвик, бидејќи на самата траса ќе треба да се изградат околу четириесетина нови објекти за да се заврши проектот.













