МИМ и ЗНМ го претставија новиот Кодекс на новинарите 07.07.2026

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во Скопје го промовираја новиот Кодекс на новинарите на Македонија. Овој документ е модернизирана етичка рамка која е прилагодена на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. Процесот на измена започна во 2024 година, а финализиран е во 2026 година како дел од проект за зајакнување на професионалниот стандард. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, истакна дека Кодексот е „нов договор меѓу новинарите и јавноста“, каде што основните вредности како вистината и проверка на фактите остануваат непроменливи. Новиот документ за првпат воведува насоки за користење на вештачката интелигенција во редакциите, истовремено нагласувајќи дека технологијата не може да ја замени човечката одговорност. На настанот, Александар Кржаловски од МЦМС предупреди дека клучниот предизвик ќе биде доследната имплементација и контрола на неговото почитување.













