Поранешниот градоначалник на Лозово, Ацо Велковски, предизвика бурни реакции со објава на социјалните мрежи. На видеото од автопатот Скопје–Велес се гледа дека неговиот автомобил се движи со брзина од 100 до 110 километри на час, иако ограничувањето на таа делница е 70 километри на час. Уште позагрижувачки е коментарот што го придружува видеото, во кој Велковски отворено признава дека сакал да го предизвика полициското возило пред него на трка, но се откажал кога се сетил на камерите од системот „Безбеден град“.