Средба на министерот Сали со британскиот амбасадор Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство 06.05.2026

Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали, одржа работна средба со британскиот амбасадор Метју Лосон, потврдувајќи го силното стратешко партнерство и континуираната поддршка од Обединетото Кралство. На средбата беа истакнати клучните области на соработка, вклучувајќи ги реформските процеси, зајакнувањето на демократските институции, економскиот развој, безбедноста и институционалната трансформација. Министерот Сали ја потврди посветеноста на Владата за спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и Планот за раст за Западен Балкан, со цел модернизација, подобрување на јавните услуги и забрзување на евроинтеграцијата. Беше нагласена важноста од добро владеење, дигитализација, сајбер безбедност и борба против дезинформации, како и можностите за продлабочување на економската соработка, инвестиции и зелена и дигитална трансформација.

















