УХМР предупредува: Пороен дожд, силен ветар, град и грмотевици 03.06.2026

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кое ќе биде под влијание на циклонска активност. Локално се очекуваат нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер, а на места и поинтензивни процеси во форма на невреме со обилни врнежи над 20 l/m², електрични празнења, силен ветер и град. Во наредните денови времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди, а во сабота и понеделник повторно се предвидуваат поинтензивни процеси и локално невреме. Утринските температури ќе се движат околу 9 степени, додека дневните ќе достигнат до 35 степени.

Republika.mk Full Article


















