Филипче не се откажува од српската врска: Логото за новиот „фронт за вистина и правда“ пресликано од „Отпор“ 04.06.2026

Политичката партија СДСМ, преку својата нова кампања „Фронт за вистина и правда“, повторно користи стратегии и симболи поврзани со српскиот активизам, овој пат со лого кое е речиси идентично со она на српското движење „Отпор“. Ова движење, креирано од Срѓа Поповиќ, познат по својата улога во симнувањето на Слободан Милошевиќ во 2000 година, подоцна се трансформираше во политичка партија. Поповиќ е познат по примена на слични методи за промена на режими во повеќе земји, вклучувајќи ја и Македонија за време на Шарената револуција. Ова не е првпат СДСМ да позајмува елементи од српскиот политички маркетинг, како што беше случајот со слоганот „За живот во Македонија“ за време на Шарената револуција, кој беше сличен на слоганот на српската партија „Двери“.


















